сабота, 11 јули 2026

Возач со мерцедес летал со 203 километри на час низ автопат во Македонија

Турски државјанин е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како вози со брзина од 203 километри на час на автопатот „Пријателство“, на делница каде што максимално дозволената брзина е 120 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека настанот се случил вчера околу 15 часот кај селото Милетково, на подрачјето на Гевгелија.

„Вчера во 15:00 часот на автопатот ‘Пријателство’ кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода турскиот државјанин Ј.Ц. (46). При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ј.Ц. управувал патничко возило мерцедес со германски регистарски ознаки со брзина од 203 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ