сабота, 11 јули 2026

Нови можности за земјоделците: Објавени повици за закуп на над три хектари државно земјиште

Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски.

Објавено на

часот

Сподели

„Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот“,  нагласи министерот.

Во рамките на Јавниот повик бр. 01/26, кој ги опфаќа регионите Битола и Прилеп, додаде тој, по 20-тина години приоритет при доделувањето ќе имаат сточарите, со цел развој на сточарството како една од најважните гранки во земјоделството.

„Сите заинтересирани земјоделци можат да се информираат за условите во подрачните единици на Министерството. Заедно создаваме посилно и одржливо земјоделство “, нагласи Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ