Минималната температура ќе се движи од 8 до 18 степени, а максималната ќе достигне меѓу 29 и 37 Целзиусови степени.
Во Скопје се очекува сончево време со мала облачност и слаб до умерен променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, додека дневната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места и повремено засилен ветер од северен правец.
Утре се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.





