петок, 10 јули 2026

Заврши бајката на Фери, Зверев е прв финалист на Вимблдон!

Александер Зверев со убедливи 3-0 ја совлада овогодинешната сензација на Вимблдон, Артур Фери, и се пласираше во финалето на големиот грен слем турнир.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зверев откако го освои Ролан Гарос, ќе има шанса да победа на уште еден грен слем турнир, му остана само уште една пречка.

Германскиот тенисер денеска беше подобар од Артур Фери. Британецот кој влезе со вајлд-карта, а стигна до полуфиналето, немаше сила за ново изненадување.

Во првиот сет беше изедначено, се играше тајбрејк, но во него Зверев победи со 7-0 и поведе со 1-0 во сетови.

Вторите два беа полесни, ги доби со 6-2 и 6-4 и ја заокружи победата за пласман во финале.

Таму ќе игра со победникот од мега пресметката меѓу Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ