петок, 10 јули 2026

АХВ уште ги нема добиено анализите по труењето од храна на шестмина работници во ТИРЗ Штип

По пријавата за труење на шестмина вработени во фабрика во ТИР зоната во Штип, од Агенцијата за храна и ветеринство денеска информираат дека до овој момент ги немаат добиено резултатите од лабараториските испитувања од земените брисеви и мостри од храната.

Објавено на

часот

Сподели

Но, кај фирмата која ја обезбедува храната за вработените во фабриката во ТИР зоната од надзорот констатирани се отстапувања во хигиената од помал обем, за што како што информираат од АХВ на операторот и на одговорното лице му е изречена парична казна, а кујната е времено затворена до отстранување на утвредните недоследности.

-Во средата, по добиени пријави од ЈЗУ Штип, дека шест вработени во компанијата се јавиле на лекување со стомачни тегоби по консумирање на оброк во компанијата, инспектор за храна од АХВ во соработка со Државниот Институт за јавно здравје Скопје, спроведе вонредна инспекциски надзор во кујната каде се послужувала храна. Земени се брисеви и мостри за лабараториско тестирање за утврдување на евентуалниот причинител на можно труење со храна-соопштија од АХВ.

Инаку, четворица од вработените во фабриката медицинска помош побарале во Клиничка болница-Штип, а две лица во приватни здравствени институции и не се задржани на болничко лекување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ