петок, 10 јули 2026

Божиновска: Интерконекторот со Грција се гради со забрзано темпо, целта е да биде завршен в година

Гасоводниот интерконектор кон Грција влегува во значително поинтензивна фаза на реализација. По интензивната координација меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), НОМАГАС и грчкиот оператор ДЕСФА, динамиката на изградбата е засилена, а проектот веќе бележи видлив напредок на терен, соопшти денеска прес-службата на МЕРСМ, од каде што пренесуваат дека ресорната министерка Сања Божиновска извршилa увид во градежните активности на трасата на гасоводниот интерконектор со Грција, при што биле информирани од изведувачот за текот на проектот, како и дека се создадени услови за значително забрзување на изградбата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во моментот завршени се 95 проценти од експропријацијата, расчистени се речиси 85 проценти на трасата, а завршено е и производството на сите цевки предвидени за проектот. Досега се испорачани цевки во должина од 34 километри, од кои 21 километар се веќе распоредени по должината на трасата. Извршено е заварување на 13,7 километри цевковод, реализирани се повеќе од 800 успешни заварувања, а над 6.300 метри цевка се веќе положени во земјата. Паралелно, завршени се шест од седумте планирани премини под патишта, а обезбедени се и речиси 65 проценти од придружните објекти – блок-станиците“, соопшти МЕРМС.

Како што укажуваат, изведувачот е дополнително технички доопремен со автоматски машини за заварување, што ќе овозможи значително забрзување на работите и исполнување на предвидената динамика.

Теренската посета следува по работните состаноци што Министерството ги одржа со извршниот директор на НОМАГАС, Недим Рама, и главната извршна директорка на ДЕСФА, Марија Сферуца, и тимот на ДЕСФА, на кои беше потврдена заедничката определба за интензивна координација и реализација на проектот во согласност со утврдените рокови. Истовремено,. беше потврдена и заедничката оценка дека интерконекторот ќе биде завршен во текот на наредната година.

„Овој проект претставува инвестиција во енергетската безбедност, економската стабилност и идниот развој на државата. Наш приоритет е проектот да се реализира квалитетно, навремено и со максимална динамика. Процесот е забрзан и сите институции работат координирано за успешно завршување на оваа стратешка инвестиција“, истакнала министерката Божиновска.

Гасоводниот интерконектор со Грција е еден од најзначајните енергетски инфраструктурни проекти. Со неговата изградба државата ќе обезбеди нов влез за природен гас, пристап до повеќе извори на снабдување, поголема диверзификација и повисоко ниво на енергетска сигурност, како и посилно поврзување со регионалната и европската енергетска инфраструктура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ