петок, 10 јули 2026

Кина привремено го блокира извозот на хелиум, клучен елемент за производство на чипови

Кина денес соопшти дека привремено го блокира извозот на хелиум, клучен елемент за производство на чипови, бидејќи ескалацијата на војната во Иран придонесува за прекини во снабдувањето низ целиот свет.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за трговија на Кина и неговата царинска агенција наведоа во кратко соопштение дека воведуваат привремена забрана за извоз на хелиум, која стапува на сила веднаш, во согласност со релевантните одредби од Законот за надворешна трговија.

Хелиумот е клучен елемент за производство на полупроводници, а се користи и во медицинскиот сектор, на пример за ладење на апаратите за магнетна резонанца.

Од почетокот на војната во Иран кон крајот на февруари, глобалните испораки на хелиум се нарушени, а цените значително се зголемија.

Кина произведува само околу 15 проценти од вкупниот хелиум што го користи, увезувајќи го поголемиот дел од Катар, за кој се проценува дека генерира една третина од светските залихи.

Аналитичарите велат дека Кина се стреми да ги заштити своите индустрии бидејќи глобалното снабдување со хелиум стана ограничено и тие проценуваат дека Пекинг најверојатно воведува контрола на извозот за да обезбеди снабдување за локална употреба, а не од политички причини.

Овој потег доаѓа во време кога Кина ги унапредува своите капацитети за самоодржливост во производството на чипови и вештачката интелигенција, додека нејзината технолошка трка со САД се загрева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ