петок, 10 јули 2026

Трамп: Преговорите со Иран можат да продолжат, но прекинот на огнот е завршен

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека се согласил да ги продолжи разговорите со Иран за да се стави крај на војната, но повтори дека прекинот на огнот што беше во сила од април сега официјално е „завршен“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Исламската Република Иран нè замоли да продолжиме со ‘разговорите’. Се согласивме да го сториме тоа, но Соединетите Американски Држави им ставија до знаење, без двоумење, дека прекинот на огнот е завршен“, напиша американскиот претседател на својата платформа Трут соушл, по ненадејното обновување на непријателствата меѓу двете земји во последните денови.

Трамп пред два дена во Анкара изјави дека меморандумот за разбирање потпишан со Иран е завршен, но додаде дека ќе дозволи преговорите да продолжат.

„За мене, мислам дека е готово“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во Анкара, каде што новинарите го прашаа за статусот на прекинот на огнот.

Трамп тогаш рече дека е „губење време да се преговара со Иранците кои се лажговци“.

Војната во Иран започна со воздушни напади меѓу САД и Израел на 28 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ