„Илјада ракети се наполнети и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници ќе следат веднаш, доколку иранската влада дејствува согласно својата закана, изречена во многу делови од светот, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, во овој случај, МЕНЕ!“, рече Трамп во објава на Трут соушл.
Тој додаде дека веќе се издадени наредби и дека американската војска е подготвена „целосно да ги десеткува и уништи сите области на Иран“.
Трамп вчера изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово елиминирање и рече дека во тој случај ќе следи одговор каков што Техеран „никогаш порано не видел“.
Во интервју за „Њујорк пост“, Трамп рече дека наводно долго време се наоѓа на мета на Иран.
Трамп вчера, исто така, изјави дека оставил инструкции за одговорот на Вашингтон доколку Иран успее во она што тој го нарече планови за негово ликвидирање.





