По еден час игра Куртоа се повреди, на негово место влезе Ламес и стана трагичар на мечот.
По натпреварот Куртоа излезе со шокантна изјава дека можел да продолжи да брани.
„Чувствував многу болка во мојот квадрицепс. Но, немав проблем да останам на голот, само не можев да шутирам долги топки“, вели Куртоа.
„На крајот селекторот одлучи да ме извади, немав проблем за тоа бидејќи тимот е пред се“.
Многумина ваквата изјава на Куртоа ја оценија како некоректна кон селекторот бидејќи сметаат дека тој не би извадил голман како него доколку тој јасно му кажел дека е здрав и може да продолжи да брани.
Со оваа изјава вината за поразот се префрла кај селекторот.





