сабота, 11 јули 2026

Мицкоски не прифаќа безусловни уставни измени, вели ако граѓаните мислат дека погрешил, ќе си замине од политика

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според, како што рече, условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа. објави Скопје1.мк

Објавено на

часот

Сподели

„За мене промена на Устав и прифаќање на тоа што го прифатила претходната влада не е реформа. Нашиот став е јасен и прецизен – граѓаните од лидерството во македонската влада очекуваат да го заштити македонскиот национален идентитет. Ние тоа го правиме. Нема цена по која можеме да правиме безусловни отстапки“, изјави Мицкоски.
Тој истакна дека Владата е подготвена за разговори и барање решенија, но не и за, како што рече, „капитулација“.
„Може да се договараме, може да разговараме, бараме решение, конструктивни сме и така ќе продолжиме, но безусловно јас потпис да ставам на нешто што го прифатила претходната влада, или таканаречената капитулација, додека сум јас ова што сум, тоа не мора да го направам“, рече премиерот.
Мицкоски додаде дека конечниот суд ќе го дадат граѓаните на избори.
„На крајот од денот ќе дојдат избори, граѓаните ќе го кажат својот збор. Ако мислат дека јас сум погрешил, ќе гласаат за спротивната политичка опција, ние ќе заминеме во опозиција. Јас ќе заминам од политиката, ќе дојдат некои нови лидерства“, изјави тој.
Според него, граѓаните се уморни од национални отстапки без гаранции за исполнување на крајната цел и од, како што наведе, неисполнетите ветувања од изминатите години.
„Оваа Влада има принципиелен став. Ќе продолжиме со реформите, ќе бидеме први, а ако некој мисли дека оваа држава треба да биде дел од европското семејство, тука сме. Подготвени сме да сториме сè што е конструктивно, а не деструктивно“, порача Мицкоски.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ