„Мнозинството во советот на Општина Аеродром, предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, даде согласност за отпочнување на постапка за изработка на потребната урбанистичка и проектна документација. Со ова се поставуваат темелите за понатамошна реализација на проектот и создавање нов простор за згрижување и развој на децата. Советничката група на Левица не го поддржа овој предлог. Со посветена работа и чекор по чекор, продолжуваме да вложуваме во проекти што носат трајни придобивки за граѓаните. Грижата за најмладите и создавањето подобра иднина остануваат наш приоритет“, се вели во соопштението од општината.
Општина Аеродром ветува прва детска градинка во Долно Лисиче
Општина Аеродром започнува постапка за реализација на една значајна иницијатива – изградба на првата детска градинка во Долно Лисиче. Овој проект претставува важен чекор кон создавање подобри услови за најмладите и поголема поддршка за семејствата, се наведува во соопштението на Општина Аеродром.
Објавено на
часот





