Фудбалерот на Мамелоди Сандаунс беше еден од најталентираните играчи во својата земја, а причината за неговата смрт засега не е објавена. Веста ја потврди неговиот поранешен тренер Брендин Џонсон, кој откри дека Адамс неодамна се вратил од Светското првенство и бил полн со ентузијазам за новата сезона.
„Пред само неколку дена разговарав со него. Беше среќен што повторно е дома и со нетрпение ги очекуваше обврските со клубот и времето со семејството. Никој не можеше да замисли дека ќе се случи вакво нешто“, изјави Џонсон.
Адамс беше дел од репрезентацијата на Јужна Африка на Мундијалот, каде настапи на три натпревари, а со Мамелоди Сандаунс ја освои и титулата шампион на Африка. По објавата за неговата смрт, бројни клубови, фудбалери и навивачи се простија од него преку социјалните мрежи.





