сабота, 11 јули 2026

Прв пораз за младинците на кошаркарското Европско првенство Б-дивизија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години го запиша првиот пораз на Европското првенство од Дивизијата Б, откако во второто коло загуби од Ирска со 69-56.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Никола Велев беа рамноправен противник во првото полувреме. Сепак, Ирците во третата четвртина направија клучна разлика и ја задржаа предноста до самиот крај.

Коста Ќириловски беше прво име кај Македонија со 17 поени, Марко Луканоски додаде 12, додека Младеновски натпреварот го заврши со седум поени и десет асистенции.

Македонија во следното коло е слободна, а на 14 јули ќе се соочи со Шведска во важен натпревар за пласман во наредната фаза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ