сабота, 11 јули 2026

Украина нападна руски бродови во Азовското Море, погодени се 28 (ВИДЕО)

Украинските одбранбени сили соопштија дека извршиле напади во текот на ноќта врз неколку руски бродови во Азовското Море, вклучувајќи танкери, реморкерa (бродови што се користат за маневрирање) и товарни бродови.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Генералштабот на вооружените сили на Украина изјави дека биле погодени 21 танкер, четири реморкера, два брода за сув товар и еден багер, објави Укринформ.

Според военото соопштение, танкерите биле користени за транспорт на нафта и нафтени деривати, додека другите бродови служеле за логистичка поддршка, транспорт на товар и одржување на пристанишната инфраструктура.

Украинската војска нагласи дека обемот на штетата и резултатите од нападот сè уште се утврдуваат.

Роберт „Маѓар“ Бровди, командант на украинските сили за беспилотни системи, подоцна објави дека биле погодени 28 руски бродови. Претходно, аналитичарите на ОСИНТ од групата СајберБорошно објавија анализа за нападот врз руската нафтена инфраструктура ноќта меѓу 9 и 10 јули, во која се известува за напади врз бродови од таканаречената „флота во сенка“, пристаништа и рафинерија за нафта.

Подоцна, Русија, по украинскиот напад врз 13 руски пловила, ја прекина пловидбата низ каналот Дон-Азов, кој ја поврзува реката Дон со Азовското Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ