сабота, 11 јули 2026

Македонските младинци со пораз од Данска го завршија настапот во групата на ЕП

Македонската ракометна репрезентација до 20 години го заврши настапот во групната фаза на Европското првенство во Романија без бод, откако го претрпе третиот пораз.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Игор Илиевски денес беа поразени од фаворитот Данска со 20-34.

Данците уште од стартот ја презедоа контролата и до полувремето создадоа сигурна предност од 8-15, која во продолжението дополнително ја зголемија до конечни 14 гола разлика. Најефикасни во македонскиот состав беа Поповски и Гурмешевиќ со по четири погодоци.

По поразите од Норвешка, Хрватска и Данска, Македонија ќе разигрува за пласман од 13. до 16. место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ