Ноќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Синоќа 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Десет минути после полноќ во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.
Ноќеска после полноќ СВР Охрид ја лишила од слобода Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.





