Според МВР, несреќата била пријавена на 10 јули во 18:51 часот и се случила на крстосницата меѓу булеварот „1 Ви Мај“ и улицата „Јоргов Камен“. Во судирот учествувале патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.К. (50) од Битола, и мопед со битолски регистарски ознаки, управуван од 20-годишната Е.А. од Битола.
По несреќата, мопедистката со возило на Итната медицинска помош била пренесена во Клиничката болница во Битола, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.





