Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 10 јули околу 14:05 часот, кога И.И. (52) паднал од височина додека работел на градилиштето.
Работник загина при пад од височина на градилиште
Педесет и двегодишен работник од Куманово загинал при изведување градежни работи на објект во изградба во скопската населба Гази Баба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Објавено на
часот
Сподели
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт на местото на настанот.
На местото излегле полициски службеници од СВР Скопје, а за случајот бил известен и трудов инспектор.





