Селекторот на Македонија до 20 години, имаше емотивно збогување од Скопје преку социјалните мрежи.
„Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, играчите, навивачите и луѓето од населбата. Напротив – токму поради сè што поминавме заедно, оваа одлука ми е тешка. Заедно создадовме тим, атмосфера и успех на кој сите можеме да бидеме горди. Го вративме клубот таму каде што заслужува да биде – во Првата лига. Но понекогаш, колку и да сакаш нешто, мора да прифатиш дека некои приказни треба да завршат додека сè уште има достоинство, почит и убави спомени. Ви благодарам на играчите, стручниот штаб, навивачите и сите што беа дел од оваа сезона. ФК Скопје секогаш ќе има посебно место во моето срце“, објави Таневски.





