сабота, 11 јули 2026

Позната е причината за смртта на 25-годишниот Адамс

Фудбалската јавност во Јужна Африка е во шок по трагичната вест за смртта на 25-годишниот Џејден Адамс, кој почина само неколку дена по враќањето од Светското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Адамс настапи на три натпревари за својата репрезентација на Мундијалот, а по враќањето во татковината дојде до трагичен епилог. Дел од локалните медиуми објавија дека фудбалерот наводно си го одзел животот по подолга борба со депресија.

Сепак, семејството на Адамс засега не излегува со официјални информации за околностите под кои починал, барајќи приватност во овие тешки моменти. Трагедијата предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од фудбалската јавност во Јужна Африка и пошироко.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ