недела, 12 јули 2026
Време

Oблачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 27 до 36 Целзиусови степени. Попладне ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен, а наместа повремено зсилен ветер. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Дневните температури ќе се движат од 27 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветрот ќе биде засилен до силен со брзина која ќе достигне 50 километри на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ