Во финалето 21-годишната Чехинка беше подобра од својата сонародничка Каролина Мухова со 2-1 во сетови (6-2, 5-7, 6-3).
Носкова одлично го отвори мечот и лесно го освои првиот сет, а иако во вториот пропушти четири меч-топки, не дозволи тоа да ја исфрли од ритам. Во решавачкиот сет рано направи брејк, стекна предност и без поголеми проблеми ја приведе средбата до крај.
Со овој триумф Носкова ја освои првата грен слем титула, додека Мухова остана без трофеј и во своето второ грен слем финале.
Во битката за машкиот трофеј в недела ќе се судрат Јаник Синер и Александер Зверев.





