недела, 12 јули 2026

Тајфунот Бави се движи низ источна Кина, милиони евакуирани и раселени (ВИДЕО)

Тајфунот Бави, кој се движи помеѓу Кина, Тајван и Јапонија, денеска донесе силни ветрови и обилни дождови во источните делови на Кина и допре до копното на покраината Џеџијанг.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Тајфунот денеска сепак ослабна и тропската бура се смири, додека ветровите во центарот дуваат со брзина од 101 километар на час, според податоците на кинескиот национален метеоролошки центар.

Се очекува Бави да продолжи да се движи кон северозапад низ источна Кина.

Тајфунот вчера помина северно од Тајван, но не стигна до копното.

Тајванската противпожарна служба соопшти дека до утрово најмалку 134 лица биле повредени низ целиот остров.

Се очекува силни ветрови и обилни врнежи од дожд денес да погодат многу градови во источна Кина, соопшти државната метеоролошка служба.

Повеќе од 290.000 лица се евакуирани од погодените области на Шангај, објавија локалните медиуми.

Властите во Џеџијанг евакуираа околу 2,2 милиони жители, додека повеќе од 180.000 луѓе беа спасени во покраината Фуџијан.

Аеродромите Пудонг и Хонгчао во Шангај би можеле да откажат околу 653 дојдовни летови, објави новинската агенција Синхуа.

Според државната телевизија ЦЦТВ, повеќе од 1.300 дрвја биле соборени во крајбрежниот град Јуеќинг во покраината Џеџијанг, од кои најмалку 700 биле откорнати од корен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ