Мекгрегор агресивно го почна мечот, обидувајќи се со висок удар со нога, но веднаш ја загуби рамнотежата и падна. При следниот напад повторно остана без стабилност, по што стана јасно дека има сериозен проблем со десната нога.
Conor McGregor…. pic.twitter.com/5cGBQGZSgl
— edusantmo (@edusantmo) July 12, 2026
Само една минута и пет секунди по почетокот на борбата, Ирецот се фати за коленото и почна тешко да се движи, по што судијата беше принуден да ја прекине борбата.
Според снимките, повредата настанала при првиот кик, кога Мкгрегор незгодно доскокнал и сериозно го повредил коленото.
Ова можеби беше и последен меч за 37-годишниот легендарен Ирец.





