недела, 12 јули 2026

Макстил: Континуирано ниски емисии и целосна усогласеност со еколошките стандарди

Макстил продолжува со редовно следење и транспарентно објавување на податоците за емисиите на цврсти честички од своите емисиони точки.

Објавено на

часот

Сподели

Со вредности под 1 mg/Nm³, најновите резултати покажуваат дека емисиите се на исклучително ниско ниво во споредба со дозволените гранични вредности. Во текот на април, мај и јуни 2026 година, мерењата на емисионата точка Оџак од филтер-постројката се движат од 0,25 mg/Nm³ во април до 0,87 mg/Nm³ во јуни, што е далеку под максимално дозволената граница од 20 mg/Nm³.

Кај емисионата точка Оџак од пескарата, каде што пропишаната гранична вредност е 30 mg/Nm³, измерените вредности во периодот април–јуни се движат од 0,8 mg/Nm³ во април до 1,02 mg/Nm³ во јуни. Податоците од вториот квартал ја потврдуваат континуираната ефикасност на системите за контрола на емисиите во Макстил.

Измерените резултати јасно покажуваат дека емисиите на цврсти честички се стабилни, контролирани и во целосна усогласеност со важечките еколошки стандарди и утврдените методологии за следење и контрола на емисиите, согласно барањата на Министерството за животна средина и просторно планирање и условите предвидени во А-интегрираната еколошка дозвола.

При оценувањето се земени предвид и релевантните европски гранични вредности за емисии. Ваквиот начин на мерење и обработка на податоците обезбедува сигурни и веродостојни резултати, како и прецизен увид во состојбата со емисиите на цврсти честички од двете емисиони точки и нивната усогласеност со дозволените нивоа. Редовното следење на емисиите е дел од поширокиот пристап на компанијата кон одговорно работење.

Макстил останува фокусиран на примена на современи практики, континуирана контрола и мерки што придонесуваат за намалување на влијанието врз животната средина. Компанијата и понатаму ќе продолжи со транспарентно информирање на јавноста и со активности насочени кон заштита на животната средина, како важен дел од својата долгорочна определба за одржливо работење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ