недела, 12 јули 2026

Швајцарците се бесни на судијата кој „неправедно“ им исклучи фудбалер (ВИДЕО)

Швајцарија храбро се бореше против Аргентина, но не успеа да направи изненадување, Швајцарците еден час играа со играч помалку поради втор жолт картон на Емболо.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа исклучување крена многу прав. Прво беше досуден фаул за Емболо и жолт за играчот на Аргентина, па судијата со помош на ВАР ја промени одлуката, го поништи жолтиот на Аргентинецот, му даде втор жолт на Швајцарецот и го исклучи од игра.

Глумата на Емболо беше очигледна, но дебатите се дали може со ВАР да се промени одлуката во конкретниот случај, и дали глума на средина на теренот е вредна за втор жолт.

Селекторот Јакин не се сложува со судијата, смета дека одлуката е неверојатна.

„Бевме казнети поради судиска грешка. Немаше причина за тој жолт картон. Не го разбирам тоа. Беше невина ситуација; немаше ништо злонамерно во тоа“.

„Таа одлука беше едноставно неверојатна. Воопшто не се согласувам со неа. Имаше јасен контакт и не разбирам како судијата и ВАР системот дојдоа до тој заклучок“.

„Не би рекол дека беа фаворизирани. Имавме фер и отворен натпревар. И двата тима играа фудбал. Фудбалот не беше победник денес. Бевме казнети со судиска грешка. Тоа беше одлучувачки момент што го одреди исходот од натпреварот. Сега можеме да се жалиме, но морам да ѝ честитам на Аргентина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ