недела, 12 јули 2026

Во Куманово и околината поројни дождови, невремето се движи од запад кон исток

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во Куманово и околината има поројни врнежи и грмежи, а невремето се движи од запад кон исток.

Објавено на

часот

Сподели

Во делови од скопската котлина е најавена нестабилност со појава на пороен дожд, засилен ветер и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

 

Времето утре и во вторник ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Во среда, во попладневните часови, ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ