Бил пријавен во полиција, од каде бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница каде и сега се наоѓа.
Но, од оваа болница на семејството му кажале дека утре ќе го пуштат дома, дека најмногу можат да го хоспитализираат 48 часа, а кога се јавиле во Бардовци, од таму им кажале дека нема место бидејќи се реновира оддел.
Човекот има решение за упатување во психијатриска болница Бардовци, но таму немало место. Во болницата „Демир Хисар“ исто така според сопругата, немало да го примат човекот на лекување.
Народниот правобранител при контрола во психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година затекнал околу 20 осудени лица кои, според утврденото, не страдаат од психички заболувања, туку се здрави и пресметливи лица упатени на лекување наместо на издржување затворска казна, со сомнежи дека психијатри им издале лажни вештачења за да куртулат од затвор.
„Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи за расчистување на истиот. По консултација со Основно јавно обвинителство и други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово“, одговорија од МВР.
View this post on Instagram





