Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 11 јули околу 10 часот било пријавено дека во близина на полигонот, патничко возило пежо со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.З. (40) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Скопје.





