недела, 12 јули 2026

Марин Лепен во голема предност на анкетите за претседателските избори во Франција

Лидерката на француската крајна десница Марин Лепен и покрај потврдата на судската пресуда, сè уште доминира во анкетите за претседателските избори закажани за пролетта 2027 година.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Иако беше осудена за злоупотреба на јавни средства, Марин Лепен останува далеку пред другите кандидати за пласман во вториот круг од претседателските избори закажани за пролетта 2027 година, според анкетата на институтот Елабе, спроведена за француските медиуми БФМТВ и Ла Трибјун Димаш.

Според нив, Марин Лепен би освоила помеѓу 34 и 35,5 проценти од гласовите.

Според анкетата, таа би го победила кандидатот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон во вториот круг со резултат од 67,5 проценти за Лепен и 32,5 проценти за Меланшон.

Таа, исто така, би го победила поранешниот премиер и лидер на централно-десничарската партија Хоризонти, Едуар Филип, но со помала разлика. Марин Лепен би освоила 52 проценти од гласовите, а Филип 48 проценти, покажа споменатото истражување на јавното мислење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ