недела, 12 јули 2026

Четириесетгодишен скопјанец најден починат во стан во Аеродром, телото дадено на обдукција

Четириесетгодишен жител на Скопје бил пронајден починат во стан на подрачјето на општина Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, случајот бил пријавен во СВР Скопје на 11 јули околу 18:20 часот. Во станот бил пронајден починатиот Ѓ.П. (40) од Скопје.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, при што не биле забележани видливи траги на насилство.

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина, каде ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ