На граѓаните, како што соопшти МВР, им било укажано на потребата од пријавување на несовесно однесување, особено палење оган на отворено, фрлање отпушоци и други дејствија кои можат да предизвикаат пожари, имајќи ги предвид зголемените ризици во летниот период.
Притоа по случаен избор на возачите и жителите на населените места им се делеле и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни пораки со цел подигнување на безбедносната свест.
„-Полициски службеници од ПС Кочани и ПС Свети Николе спроведоа превентивни активности за заштита од пожари на отворен простор во рекреативниот центар Пониква, заедно со Доброволно противпожарно друштво Кочани, Територијалната против пожарна единица и ЈП Национални шуми Св.Николе“, се додава во соопштението.





