недела, 12 јули 2026

Мотоциклист тешко повреден во судир со автомобил во Битола

Шеесет и двегодишен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на улицата „Г. Васко Карангелевски“ во Битола.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 11 јули во 19:35 часот, а во неа учествувале патничко возило киа со битолски регистарски ознаки, управувано од К.С. (79) од Битола, и мотоцикл џонвеј со битолски регистарски ознаки, управуван од Ж.В. (62) од Битола.

По судирот, мотоциклистот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде лекарите му констатирале тешки телесни повреди.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ