недела, 12 јули 2026

Американските власти велат дека Ормускиот теснец е отворен, Иран го тврди спротивното

Американската војска денеска соопшти дека Ормускиот теснец е „отворен“ и дека пловидбата „функционира“ и покрај претходното иранско соопштение дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со Соединетите Држави.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Ормускиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да поминат преку овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) на платформата Икс. „Иран не го контролира теснецот. Навигацијата функционира“, додадоа тие.

Британската агенција за поморска безбедност, УКМТО, претходно денес соопшти дека и покрај најавата на Иран за затворање на Ормускиот теснец, тој останува отворен. Сепак, агенцијата тврди дека нивото на закана за поморската безбедност во Ормускиот теснец останува сериозно.

Од друга страна, Иран демантира дека теснецот е отворен.

Управата на Персискиот Залив, тело формирано од Иран за време на војната за спроведување систем за дигитално овластување за транзит, соопшти дека „поради неодамнешните нелегални движења на американските воени сили во регионот, транзитот низ Ормускиот теснец во моментов не е можен“.

„Кога ќе се воспостави стабилност и мир, сите барања ќе бидат разгледани според утврдениот распоред и ќе бидат издадени потребните овластувања“, соопшти администрацијата на социјалните мрежи, додавајќи дека единствениот начин да се добие дозвола за транзит е преку нејзината веб-страница.

Американската војска започна напад врз Иран синоќа откако беше погоден контејнерски брод под кипарско знаме во Ормускиот теснец, додека Техеран возврати со напади врз американските воени објекти во Јордан, Кувајт и Бахреин. Иран тогаш соопшти дека теснецот е повторно затворен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ