недела, 12 јули 2026

По јавниот апел на ќерката: Таткото насилник од Куманово, кој се закануваше со убиства ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар (ВИДЕО)

Човекот од Куманово за кого неговата ќерка преку видео објавено на социјалните мрежи јавно побара итна помош од институциите, ќе биде хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар, пренесе „Слободен печат“ од свои извори.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите, пациентот моментално се транспортира од Кумановската болница кон Демир Хисар со полициска придружба, медицинска сестра и болничко комбе.

Семејството претходно со денови безуспешно барало негово згрижување, но, како што тврдат, било одбивано со образложение дека нема слободни места. Според нив, човекот има сериозен проблем со алкохолизам и агресивно однесување, а ден претходно ѝ се заканил со убиство на сопругата.

Ќерката преку емотивна видео-порака побара институциите да реагираат, наведувајќи дека нејзиниот татко веќе има дијагноза и потреба од психијатриско лекување. Според семејството, по пријавата во полиција тој бил пренесен во психијатриското одделение на Кумановската болница, но им било кажано дека таму може да остане најмногу 48 часа.

Во меѓувреме, како што тврдат, од Психијатриската болница во Бардовци им било соопштено дека нема слободни капацитети поради реновирање на оддел, иако пациентот имал решение за упатување. Според нивните наводи, првично не било прифатено ниту негово лекување во Демир Хисар.

Неофицијално, до пресврт дошло дури по медиумската експонираност на случајот, а според информациите на „Слободен печат“, била извршена и интервенција од висок владин функционер, иако неговиот ресор не е здравството.

Случајот повторно ги отвори прашањата за недостигот од капацитети во психијатриските установи и за пристапот до лекување на хронични психијатриски пациенти. Во јавноста се посочува дека семејствата честопати остануваат без институционална поддршка сè додека случаите не добијат медиумско внимание.

Во одговор за случајот, Министерството за внатрешни работи соопшти дека СВР Куманово постапува по пријавата.

„Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи на негово расчистување. По консултација со Основното јавно обвинителство и другите надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово“, информираа од МВР.

Инаку, Народниот правобранител при контрола во Психијатриската болница „Демир Хисар“ во декември 2025 година констатираше случаи на лица кои биле сместени во установата врз основа на судски мерки, иако, според наодите, не страдале од психички заболувања, што отвори дополнителни прашања за функционирањето на системот за психијатриска заштита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lotus Touch (@lotustouch_bodywork)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ