Според пријавата, 40-годишен маж од Скопје во полиција пријавил дека неговата сопруга Н.Ѓ. (42) во нивниот дом фрлила кон него остар предмет и му нанела повреда на раката. Случајот се расчистува.
Во Кавадарци, пак, полицијата привела 37-годишна жена која физички ја нападнала својата 57-годишна мајка и ѝ упатувала закани. При проверката било утврдено дека била под дејство на алкохол, со измерени 1,02 промили.
Во Куманово бил лишен од слобода 71-годишен маж поради напад врз својата 50-годишна сопруга, додека во Дебар бил приведен 58-годишник кој бил агресивен кон својата мајка.
Во Штип полицијата уапсила 30-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата 24-годишна партнерка, а во Пехчево бил приведен 50-годишен жител кој, според пријавата, ја нападнал сопругата и ѝ упатувал закани.
Во Скопје, на подрачјето на Центар, бил лишен од слобода 42-годишен маж поради закани кон неговиот чичко и членовите на неговото семејство.
Семеен инцидент бил пријавен и во Ранковце, каде жител на едно село физички ја нападнал својата мајка.
Полицијата постапувала и по пријава за конфликт меѓу партнери на „Јадранска магистрала“ во Скопје. Триесет и тригодишна жена пријавила дека била нападната од својот партнер од Косово додека се движеле со автомобил, а и тој возвратил со пријава дека бил физички нападнат од неа.





