понеделник, 13 јули 2026

Украински дронови ја нападнаа Московската област, најмалку тројца загинати (ВИДЕО)

Во нападите со дронови врз Московската област загинале најмалку три лица, а уште петмина се повредени, соопшти утрово гувернерот Андреј Воробјов. Киев ги засилува нападите врз руски цели, особено врз енергетската инфраструктура, нарекувајќи ги праведна одмазда за над четирите години руски напади врз украинска територија.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Гувернерот Воробјов на Телеграм објави дека три лица загинале, а уште тројца се повредени во населбата Пионерски, во округот Истра, „како последица од пад на дрон“.

Тој додаде дека уште две лица се повредени во друг дел од Московската област и дека противвоздушната одбрана соборила вкупно 81 дрон.

Дронови ја нападнале и јужната Ставрополска област.

„Нападот предизвика пожар во индустриската зона во Вјазники, во Шпаковскиот округ“, објави гувернерот Владимир Владимиров на Телеграм, додавајќи дека засега нема информации за жртви.

„Опасноста од напади со дронови и понатаму е во сила на целата територија на регионот. Бидете внимателни и претпазливи“, предупреди тој.

Нападите се случуваат на денот кога сојузниците на Украина треба да се состанат во Париз, каде што ќе разговараат за натамошен притисок врз Русија со цел да ѝ се стави крај на војната.

Дипломатските напори за запирање на борбите, предводени од Соединетите Американски Држави, во последните месеци забавија, откако Вашингтон го пренасочи фокусот кон конфликтот со Иран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ