Бројот на ноќевањата во мај изнесува 236.727, од кои 75,8 % се од странските, а 24,2 % од домашните туристи.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2,6 %. Кај домашните туристи има намалување за 4,4 %, а кај странските има зголемување за 4,9 %.
Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 %. Кај домашните туристи има намалување за 4,1 %, а кај странските зголемување за 3,3 %.
Најголем број од странските туристи биле од Турција (34.681), од Германија (9.578), од Србија (7.605) и од Бугарија (4.858).





