понеделник, 13 јули 2026

Двајца малолетници повредени во директен судир меѓу фиат и мопед

Вчера попладне во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-село Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат и мопед без регистарски ознаки, информираа од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„На 12.07.2026 во 13:15 часот во СВР Штип е пријавено дека на локалниот пат Штип-с.Шашаварлија, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат“ со штипски регистарски ознаки, управувано од О.В.(50) од Штип и мопед без регистарски ознаки, управуван од 14-годишник од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, додека со телесни повреди неговиот 12-годишен сопатник, констатирани во Клиничка болница Штип. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип“, се наведува во соопштението на МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ