понеделник, 13 јули 2026

Славен Билиќ е нов селектор на Хрватска

Хрватската фудбалска федерација денеска и официјално го промовираше Славен Билиќ како нов селектор на репрезентацијата.

Објавено на

часот

Сподели

По речиси една деценија се случува смена на селекторската позиција на фудбалската репрезентација на Хрватска, Далиќ замина, на негово место дојде Билиќ.

Веќе некое време се знаеше дека Славен Билиќ ќе биде нов селектор на коцкестите, но од денеска тоа е и официјално.

Искусниот стратег стави потпис на двегодишен договор кој може да биде продолжен во зависност од резултатите. Првата задача за Билиќ е да избори пласман на Европското првенство.

Ова за Билиќ е враќање на кормилото на Хрватска, тој ја водеше репрезентацијата од 2006 до 2012 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ