вторник, 14 јули 2026

Македонија ја запиша првата победа на Европското првенство за играчи до 20 години

Младата македонска ракометна репрезентација конечно се израдува на првата победа на Европското првенство во Романија, откако беше подобра од Летонија со 35-31.

Објавено на

часот

Сподели

Избраниците на Игор Илиевски во најголемиот дел од средбата го диктираа темпото, а иако Летонците во второто полувреме накратко поведоа, Македонија брзо ја врати контролата и сигурно го приведе натпреварот до крај.

Мики Лазов и Лука Ѓорѓиевски со по осум погодоци беа лидери во нападот, додека голманот Ѓорѓи Николовски забележа десет одбрани. Во редовите на Летонија најрасположен беше Валдис Калнинс со 17 гола.

Сепак, оваа победа не беше доволна за Македонија да се избори за пласман во борбата за 9. до 16. место, па во продолжението од шампионатот ќе разигрува за пласман од 17. до 24. позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ