Најголемите четири фаворити за Светското првенство стигнаа до самата завршница, а полуфиналните возбудувања ќе ги почнат Франција која е прва на ранг листата на ФИФА и третата Шпанија.
Франција и Шпанија имаа релативно лесен пат до полуфиналето, Французите имаа потешкотија само против Парагвај, а Шпанија на самиот старт од турнирот кога ремизираа против Зеленортските Острови.
Францускиот напад просечно постигнува 2,6 гола по натпревар (вкупно 16), додека шпанската одбрана, предводена од Унаи Симон, прими само еден гол во шест натпревари и запиша пет чисти мрежи. Посебен дуел e и судирот меѓу Мбапе и Ламин Јамал, кој може да донесе значајни поени во трката за Златната топка.
Во креацијата ќе учествуваат двајца од најценетите играчи од средниот ред: Мајкл Олисе, апсолутен лидер во асистенциите со пет, и Дани Олмо, кој има 91% точност на додавањата и сè уште бара прв гол на Мундијалот.
Статистиката покажува дека ова ќе биде трето последователно полуфинале во кое вицешампионите се среќаваат со европските шампиони – Шпанија победи во Лигата на нации 2025 (5-4) и на Европското првенство 2024 (2-1). Двата натпревари беа богати со голови, што навестува дека и двете екипи може да постигнат барем по два гола.
Франција и Шпанија се тимовите со најмногу удари во рамки на голот (47 наспроти 40) и највисок очекуван гол после Аргентина. Мбапе е фаворит за отворање на резултатот, додека Ламин Јамал е подготвен да блесне со гол или прва асистенција на турнирот.





