вторник, 14 јули 2026
Време

Сончево и топло

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 28 Целзиусови степени во Маврово, преку 30 степени во Охрид, до 36 степени во Скопје, Велес, Демир Капија и Гевгелија.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Според прогнозата на УХМР, во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Од среда во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ