На средбата биле договорени координирани превентивни безбедносни мерки за подигнување на јавната свест за заштита на шумите и спречување на пожари на отворен простор.
Во рамки на договорените активности, во текот на летната туристичка сезона ќе се реализираат заеднички полициски патроли низ шумските појаси долж граничниот и пограничниот појас, а ќе бидат интензивирани и контактите за размена на информации за потенцијални ризици.
Договорено е и воспоставување директни канали за комуникација меѓу двете полициски служби, со цел побрза размена на информации и навремено известување при евентуална појава на шумски пожари, што треба да овозможи побрза реакција на надлежните служби за нивно локализирање и гаснење.





