понеделник, 13 јули 2026

Србија: Потврдено обвинението против Весиќ и други во случајот со падот на настрешницата

Апелациониот суд во Нови Сад ја прифати жалбата на Вишиот јавен обвинител во Нови Сад и ја поништи одлуката на Вишиот суд во Нови Сад, со која беше запрена постапката против поранешниот министер во српската влада Горан Весиќ и уште 12 лица во случајот со уривањето на настрешницата на Железничката станица во тој град во 2024 година.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Апелациониот суд соопшти дека жалбите на адвокатите на обвинетите Небојша Шурлан, Слободан Наумовиќ, Милан Јелкиќ, Љиљана Милиќ Марковиќ, Јасна Стојиљковиќ Милиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ и Душан Јанковиќ се отфрлени како неосновани.

Како што наведоа, Јелена Танасковиќ, Горан Весиќ, Анита Димоски и Небојша Шурлан се обвинети за „тешко дело против општата безбедност“ во врска со кривичното дело „предизвикување општа опасност“.

Обвинетите Слободан Наумовиќ, Милан Јелкиќ, Љиљана Милиќ Марковиќ, Милан Шпремиќ, Јасна Стојиљковиќ Милиќ, Зорица Славковиќ Марјановиќ, Душан Јанковиќ, Марина Гавриловиќ и Дејан Тодоровиќ се товарат за „тешко дело дело против општата безбедноста“ и неправилно извршување на градежни работи“.

Станува збор за случај во врска со падот на настрешницата од реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, кога на 1 ноември минатата година загинаа 16 лица.

Горан Весиќ беше министер за градежништво, транспорт и инфраструктура во Владата на Србија, Јелена Танасковиќ беше вршител на должноста генерален директор на Српското претпријатие за железничка инфраструктура, а Анита Димоски беше државен секретар во Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура.

Небојша Шурлан е поранешен генерален директор на „Инфраструктура на железницата на Србија“, додека другите наведени лица се инженери и одговорни за технички надзор на извршувањето на работите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ