Според очевидци, пожарот избувнал во близина на музичката сцена и за кратко време се проширил низ локалот. Многу гости, опкружени со густ чад, не знаеле каде одат и останале заробени во тоалетите за време на паниката.
Според властите на Бангкок, повредени се најмалку 71 лице, од кои 25 се во критична состојба.
„Кога снема струја, на пример кај влезот во тоалетот, видливоста падна на нула. Сите се обидуваа да излезат, но тоалетот немаше прозорци и беше ќор-сокак“, изјави началникот на тајландската полиција Китарат Пунпеч на прес-конференција.
„Откако еднаш ќе влезеа внатре, бегството беше невозможно бидејќи чадот веќе го исполнуваше просторот, а секој што ќе се соочеше со него беше изложен на смртоносна опасност“, додаде тој.
Тајландската полиција ја насочи форензичката истрага кон просторот над музичката сцена, каде што се претпоставува дека избувнал пожарот.
Истрагата ќе опфати и можна одговорност на сопствениците на локалот поради сомнежи за негрижа, откако се појавија информации дека излезите за итни случаи биле блокирани.
Општината Чатучак нареди барот да биде затворен 30 дена, додека трае истрагата.





