Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции.
Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка.
„Случајот ќе се работи по итна постапка. Едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Настанот се случил пред четири месеци и до денеска не сме имале пријава. Откако снимката беше објавена, веднаш почнавме да постапуваме“, изјави Бедиу Рамадани.
Од СВР Куманово за МИА потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали. Видеоснимката денеска се прошири на социјалните мрежи и предизвика реакции во јавноста.





