понеделник, 13 јули 2026

Фабијани: Мора да го смениме менталитетот во Финска

Пред Вардар е голем предизвик во Финска, каде што ќе се обиде да ја анулира предноста од два гола на КуПС и да остане во игра за пласман во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Иако поразот од 0-2 во Скопје ја стави македонската екипа во незавидна позиција, во таборот на шампионот владее оптимизам пред реваншот. Тренерот Кристијан Фабијани нагласи дека најважно е неговите избраници да покажат зрелост и дисциплина, без непотребна брзоплетост во обидот да ја стигнат негативата.

Важно ми е на овој натпревар да го смениме менталитетот. На првиот меч до голот игравме добро, но примивме гол во најлош можен момент пред крајот на полувремето. Најголема предност на КуПС е што се во натпреварувачки ритам, имаат повеќе мечеви од нас и тоа го гледам само како плус за нив. Ние нема очајнички да влеземе во овој натпревар и безглаво да бркаме резултат. Сакам да видам еден организиран Вардар на теренот кој ќе се бори за секоја топка и педа на теренот. Сакам ред и дисциплина, сѐ да биде плански и постепено. Ќе ги немаме во тимот Торес и Босанчиќ, но на тоа не смееме да гледаме како хендикеп, туку целиот тим очекувам да се бори да ги надополни нив. Сите играчи кои се во ростерот мора да сфатат дека нема прва и втора екипа, туку секој што ќе добие шанса, да даде максимум затоа што го носи дресот на Вардар”, изјави Фабијани.

Натпреварот во Куопио се игра во вторник од 17:00 часот, а судиската четворка за овој дуел доаѓа од Шкотска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ