Инсталацијата, насловена како „Пиндакасфлор“ (под од путер од кикирики), е изложена два месеци во депото на музејот Бојманс ван Беунинген.
Шиперс првпат го создал ова дело во 1969 година како дел од поширока серија необични подни инсталации што вклучувале сол и парчиња стакло. Вработените во музејот следеле прецизен план од 20 точки што го оставил уметникот зад себе, користејќи 40 конзерви мазен путер за да покријат шестоаголна површина од 25 квадратни метри, објави Дексерто.
Шиперс навел путерот од кикирики да се намачка во слој со дебелина од точно два сантиметри и да се нанесе „што е можно помазно и поздодевно“. Двајца вработени поминале неколку дена израмнувајќи ја површината со алатки за глетување.
Посетителите се предупредени за мирисот уште пред да стигнат до просторијата, а строго им е забрането да стојат или да лежат на површината покриена со путер од кикирики.
Шиперс беше една од најважните личности во холандската култура, а многумина го паметат како гласот на Ерни и жабата Кермит во холандската верзија на серијата „Улица Сезам“.
Вим Т. Шиперс беше еден од основачите на авангардната А-динамична група во шеесеттите години, а во својата работа често користеше храна. Во еден момент, тој дури и покри цел стол со конзервирани тестенини.





